еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

60% од вработените во Рамстор се жени

Рамсторе Македонија, која своите вработени ги прифаќа како едно големо семејство, своите активности ги спроведува преку пристапот на создавање на можности за вработување на членовите на семејството преку постојано проширување на истото, алоцирање на ресурси и време за поединечен и професионален развој на сите вработени пружајќи им еднакви можности, инвестирање во нивната иднина и посветување кон создавање на безбедна и здрава работна средина, велат од компанијата.

Рамстор, како компанија која во текот на 13-те години од своето основање до денес, претставува пионер во голем број успешни практики во малопродажниот сектор во Македонија, исто така ја задржува лидерската позиција и во однос на еднаквоста на можностите преку стапката на вработени жени од 60%, заедно со динамичната и партиципативна работна средина која ја создава, посочуваат од таму.

Од компанијата велат дека просечната возраст на вработените изнесува 33 години, и дека ова им ја дава младешката енергија потребна за успешно работење во динамичниот и конкурентен сектор, како и дека се особено горди што 40% од вработените на менаџерски позиции се припаднички на женскиот пол.

Рамстор Македонија, која остварува големи успеси во малопродажниот сектор, им го честита 8ми Март овој посебен ден на сите жени, истакнувајќи дека една од основните причини за растот, развојот и успехот на компанијата се трудот и поддршката на женскиот персонал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Jавна соба организира работилница за дизајн на мобилна градина наменета за лица со попреченост во развојот

Редакција

Корона кризата лани го зголеми бројот на домашни туристи во Маврово за шест, а во Берово за 29 проценти

Редакција

Нов пивски бренд во портфолиото на Пивара Скопје – Heineken 0.0 безалкохолно пиво

Редакција