еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Инцидент: Портпаролот на Златна зора сакаше да упадне на средбата на Димитров со Вуцис

Инцидент се случи денеска во грчкиот Парламент за време на средбата на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров со претседателот на Парламентот, Никос Вуцис, во Атина, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Портпаролот и пратеникот на Златна Зора, Илиас Касидиарис беше спречен од обезбедувањето да влезе во канцеларијата каде што се одржуваше средбата.

Тој бил револтиран што Вуцис не ги информирал сите партии за средбата и викаше дека „Македонија е грчка“ на грчки и англиски јазик, а на обезбедувањето му „објасни“ дека тоа треба да го слушне и „Скопјанецот“.

Тој лично го снимаше инцидентот, а снимката ја стави на својот You tube профил.

Видео: Ηλίας Κασιδιάρης

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Енерџи актив“ го доби тендерот на струмички „Комуналец“ за набавка на струја вреден 320.000 евра

Редакција

Намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити, стабилна кај депозитите

Редакција

Германија ја подржува евроинтеграцијата на Македонија, порача од Скопје германскиот шеф на дипломатијата Мас

Редакција