Младиот Манолис Булис од Крит е суспендиран од школата за падобранци на Генерал штабот на Грчката армија, и против него моментално се води интерна истрага, бидејќи додека скокал со падобран се снимал со мобилен телефон и ја пеел нациноналистичката песна „Македонија славна“, која грчките војници ја пееле за време на балканските војни, јавува дописникот на еМагазин од Солун.
Снимката Булис ја објави на својот Фејсбук профил што предизвика лавина од позитивни реакции ширум Грција, а по неговата суспензија, доби голема подршка од јавноста.
Како што јавува дописникот на еМагазин од Солун, од Грчката армија информираа дека тој не е суспендиран поради тоа што ја пеел песната, туку поради тоа што ги прекршил безбедносните протоколи, кои забрануваат да се снима со мобилен при скок со падобран.
На социјалните мрежи пак доминираат коментарите дека тој е суспендиран за да не се предизвикаат проблеми со Македонија, а видеото масовно се шири на интернет.
Фото/видео: Манолис/Фејсбук
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грците ги лажат дека Заев е Албанец и дека ќе се смени името на хотелот „Македонија палас“