еМагазин
ЖИВОТ

Морбилите не стивнуваат: Минатата недела 104 заболени

Во текот на изминатата недела имаме пораст на бројот на заболени од мали сипаници (морбили) и се регистрирани најголем број, односно 104 заболени.

Од нив најголем број (74) се од Скопје, а останатите 30 се од другите градови. Епидемијата на мали сипаници е во ек. Единствена заштита од заболување или од тешки форми на прележување на грипот е вакцинацијата, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека бројот на градови кои пријавиле број на заболени расте и очекуваат дека во наредните недели нема да има брзо смирување на состојбата со епидемија на мали сипаници.

Од околу 16.000 деца во школска и предшколска возраст во Скопје, нагласи, околу 11.100 се вакцинирани, а на територијата на државата, од околу 25.000 невакцинирани деца досега се вакцинирани околу 6.500.

– Грипот е заболување од кое се умира. Ако не можеме да делуваме на антигенските и генетски промени на вирусот на грип и на неговата вирулетност и моќта да предизвика заболување може да делуваме на друг начин, да се заштитиме себеси и нашата непосредна околина.

Државата мисли на тоа. Оваа година беа набавени вакцини кои се даваа на бесплатна база и вакцини кои можеа да се купат. Бројот на вакцинирани за жал е нешто повисока од минатите години, но сепак е мала. Апелирам посериозно да се сфати оваа болест.

Можеме да делуваме таму каде можеме, луѓето да примат вакцина кога можат и кога треба да примат и на тој начин ќе се заштитат себеси, ќе ги заштитат своите најблиски, хронично болните, повозрасните лица и децата, рече д-р Кузмановска.

Потенцира дека вирусот на грип е многу подложен на промени и во текот на една сезона многу често знае да прави рекомбинации и да го менува не само подтипот, како нешто на повисоко ниво, туку и дел од помалите составни честички на вирусот.

– Токму заради тоа вакцината понекогаш е поефективна, а некогаш е помалку ефективна. Во вакцината се содржи сојот кој во текот на минатата сезона предизвикувал најголем број заболувања, а тие мутации се многу чести кај грипот. Оваа година поради тие мали промени добивме еден поагресивен тип H1N1 подтип на вирус, што предизвикува смртни завршетоци и тоа не само кај популацијата на возраст над 65 години. Во текот на сезоната од пета до осма недела имаше голем број починати на возраст до 65 години, додаде д-р Кузмановска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарот Михајловски за личната битка со корона вирусот и за загубата на татко му: Остава пустош зад себе

Редакција

(Фото) При обид за искачување на Љуботен, тројца однесени од лавина

Редакција

Проф. Трајковски: Се враќаме во нормализација со Ковид-19, нов бран не би требало да се појави порано од 5 месеци

Редакција