еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Инфлуенсер маркетинг – нови можности и предизвици за  комуникациската индустрија

Влијанието на личноста во современиот начин на живеење станува вистински предизивик во начинот на комуницирање. Феноментот „инфлуенсер“ и неговата моќ да пренесе важни пораки кон јавноста преку социјалните медиуми ќе биде главна тема на конференцијата „Нови комуникациски трендови – инфлуенсер маркетинг” што ќе се одржи на 29 март (петок) со почеток во 10 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Конференцијата е во организација на Македонската асоцијација на агенции за маректинг (МААМ).

Во рамките на конференцијата за своите искуствата и предизвици со новите комуникациски трендови ќе зборуваат истакнати професионалци од Адријатик регионот, како што се Срџан Ерцег од Huge Media од Србија и телевизиски коментатор во Спорт Клуб, Домен Маврич и Алеш Грахек од Avi Словенија, Љубица Вукчевиќ од DM, Данка Трбојевиќ од Drive од Србија, Зоран Спасов – Ѕоф од Klip Media Group, Игор Трајковски, основач на интернет агрегатот time.mk и Сергеј Варошлија, телевизиски водител и др.

Идејата за организирање на оваа стручна конференција од страна на МААМ е поврзување на експертите и професионалците од регионот со цел споделување на искуства и знаења, во насока на што подобро имплементирање на новите трендови во комуникациските стратегии на овие пазари.

Македонската асоцијација на агенции за маркетинг (МААМ) е стручно и непрофитно здружение на агенции и професионалци кои се занимаваат со комуникации од областа на маркетингот, адвертајзингот, односите со јавноста, закупот на медиумски простор, дигиталниот маркетинг и други дисциплини од областа на пазарните комуникации и брендингот. Основана е во 2002 година од водечките маркетинг агенции, а во неа членуваат 14 агенции од земјава.

Една од главните цели на МААМ е развивање и унапредување на професијата, заштита на интегритетот и угледот на струката и заштита на професионалните интереси. Покрај тоа, МААМ се залага за подигнување на јавната свест за значењето и улогата на професијата, како и промоција на квалитетни и професионални комуникации во компаниите, институциите, непрофитните организации.

Карти за конференцијата може да се набават преку интернет-страницата kupikartizase.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Сервали и Скарлет Ибис птици пристигнуваат во Скопје ЗOO

Редакција

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Редакција

Заминува и последната група: Во Специјалниот завод „Демир Капија“ нема веќе деца до 18 години

Редакција