еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се најголемите акционери во ТТК Банка?

На 31.12.2018 година акционерскиот капитал на Банката се состоеше од 907.888 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари по акција или вкупно 907.888.000 денари, стои во Годишниот извештај на ТТК Банка за минатата година, објавен преку Македонската берза.

„Во текот на 2018 година Банката нема извршено откуп на сопствени акции, ниту има издадено нова емисија на акции. Обичните акции им даваат право на глас на сопствениците на седница на Собранието на акционери, по принципот „една акција – еден глас“ и право на исплата на дивиденда.

Бројот на акционери заклучно со 31.12.2018 година изнесува 1.961, од нив 1.827 се физички лица и 134 се правни лица.

Акционер со квалификувано учество е „Тетекс“ АД Тетово кој заедно со поврзаните лица поседува 49,92% од вкупниот број акции на Банката“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се членовите на Управниот одбор на ТТК Банка?

Кои се членовите на Надзорниот одбор на ТТК Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега собрани 260 илјади евра за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, еве како да помогнете

Редакција

(Видео) Српските власти го откажаа Европрајд, во Белград се маршираше за „спас на децата и семејството“

Редакција

Во Тетовската болница починал пациент со Ковид-19 и вакциниран со две дози „Синофарм“

Редакција