еМагазин
Image default
Македонија

Животот на младата Цековска чини само три години затвор за возачот што ја покоси

Апелацискиот суд ја намалил казната за една година затвор за Љубиша Видојковиќ, кој на пешачки ја прегази младата студентка од Крива Паланка, Фросина Цековска, јавува Телма.

Кривичниот суд еднаш му пресудил и го осуди на 6 и пол години затвор, но Апелација го врати процесот назад и ја поништи пресудата.

На второто судење Видојковиќ беше осуден на 4 години затвор, а Апелација која жалбата ја разгледувала на јавен претрес му ја намали затворската казна дополнително на 3 години.

По смртта на Цековска, возачот не застанал по кобниот удар. Беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош, а при прегледот му се најдени 1,2 промили алкохол во крвта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отров општество: Ќе те смачкаат на улица како Цековска и убиецот ќе добие само три години затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Засега без договор со СДСМ за можниот консензуален кандидат за претседател

Редакција

И Албанија почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

Редакција

Обвинителството отвори предистражна постапка за исчезната Марија Брзакова

Редакција