еМагазин
Македонија

Анкета на Телма: Пендаровски ја зголемува предноста пред Силјановска

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски води со 3,7 процентни поени разлика пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажува новата анкета, што по нарачка на телевизијата Телма ја изработи Институтот за демократија Социетас Цивилис во Соработка со МЦМС.

Според анкетата Пендаровски добил поддршка од 27,2  процентни од испитаниците, Силјановска 23,5 отсто, а Блерим Река 11 отсто.

Резултатите покажуваат дека 17,7 отсто од испитаниците се уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас, додека 16,4 нема да гласаат за ниту еден од тројцата кандидати.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 7 април до 11. април на репрезентативен промерок  од 967 испитаници.

Споредбените резултати на двете анкети на „Телма“, едната изработена пред кампањата и една изминатата недела покажува дека поддршката за Пендаровски расте во однос на Силјановска и сега тој води со четири отсто во првиот круг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупнo 82 смртни случаи од корона вирусот: Почина уште еден пациент со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста

Редакција

Денеска пресуда за Јанкулоска за набавката на луксузниот мерцедес

Редакција

Доктор Зибери за „ТВ24“: Ако вирусот се повторува, вакцината нема да биде решение, ќе треба да се пронајде лек

Редакција