Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше видео-обраќање по повод изборите во недела.
„Во недела секој од нас има можност да го искористи своето уставно право, суверено и самосвесно да одлучуваме за нашиот сопствен избор.
Министерството за внатрешни работи, согласно своите надлежности го следи целиот изборен процес, а се со една единствена цел – денот на гласање да мине мирно, непречено и достоинствено како што прилега на едно демократско и слободно општество.
Во изминатиот период полициските службеници минаа низа плански активности за квалитетно и ефикасно набљудување и обезбедување на севкупниот изборен процес од неговиот почеток до неговиот крај.
Подготвени сме одлучно и бескомпромисно да го превенираме секој обид за нарушување на избирачкиот процес независно каде или од кого. Бидете сигурни дека законите и граѓанската волја ќе бидат целосно испочитувани“, вели Спасовски.
Фото/Видео: МВР