„ИутеКредит“ ја отвори својата нова експозитура во центарот на Скопје на булевар Партизански одреди спорти Соборниот храм. Овде граѓаните ќе можат да аплицираат за добро познатата понуда на брзи потрошувачки и наменски кредити.
Маркетинг-менаџерот на „ИутеКредит“, Михаил Андоновски во интервју за „еМагазин“ вели дека овој тренд на финансиски услуги е во нагорна линија заради тоа што клиентите ги согледуваат бенефитите од ваков тип на услуги.
Од кога сте присутни на пазарот?
-На пазарот сме присутни од 2017 година, инаку „ИутеКредит“ е финансиско друштво кое што опстојува веќе 10 години и е со седиште во Естонија, присутно во пет земји во регионот. Во Скопје имавме експозитура на улицата Даме Груев, а отворивме и во комплексот Парк резиденс во Градски парк. Новата експозитура е модрена со поголем капацитет која ќе може да опслужи поголем број на клиенти. Сето тоа е во насока на креирање на исклучително корисничко искуство кое е дел од мисијата на компанијата, да се овозможи најбрз и најповолен пристап до финансиски средства затоа што сме компанија која издава брзи потрошувачки и наменски кредити за физички лица.
Со измените на Законот за заштита на потрошувачи, вкупните трошоци на малите и брзи кредити се лимитираа на 52, 5 отсто. Како се прилагодивте?
-Од 8 април стапи на сила Законот за заштита на потрошувачи при земање на потрошувачки кредити. Ние ги прилагодивме условите согласно законот и притоа овозможивме подостапни услови за клиентите. Ги коригиравме своите понуди, ги зголемивме износите за потрошувачки кредити, го зголеми бројот на рати и се е во насока на креирање на позитивно корисничко искуство и најповолни услови на пазарот.
Каков е интересот на граѓаните?
Овој тренд на финансиски услуги е во нагорна линија заради тоа што клиентите ги согледуваат бенефитите од ваков тип на услуги, пред се заради брзата услуга која што не може да ја добијат во други финансиски друштва, а тоа се минимум потребната документација за земање на кредит и времето потребно за исплата на тие пари кои легнуваат на сметката на клиентите. Се аплицира со лична карта и одобрувањето е речиси веднаш.
Дали ќе се ширите во другите градови?
Освен во Скопје присутни сме во Тетово и Куманово, но во текот на годинава планирано е отворање на експозитури во сите поголеми градови на Македонија.
Колкава е вашата позиционираност на пазарот?
Имајќи предвид дека сме релативно нова компанија која на пазарот е година ипол, сето ова е во рамките на очекуваното, во рамките на стратегијата на групациско и локално ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отворена нова ИутеКредит експозитура во центарот на Скопје