Премиерот Зоран Заев синоќа, заедно со своето семејство го дочека Христовото воскресение – Велигден, во црквата „Свети Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица.
-Сакам да им го честитам најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден на сите христијански верници кои овие денови го празнуваат Велигден. Воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта и ја дава силата за надежта за излез од сите тешки ситуации со кои се соочуваме сите ние граѓаните.
Верувам дека овој празник ќе ни донесе мир на сите, благосостојба на сите, меѓусебно почитување и секако ја користам приликата да им го честитам на сите христијански верници Христовото воскресение, како најголем празник којшто го славиме Христијаните, рече премиерот Заев честитајќи го празникот на сите верници.
Премиерот Заев на полноќ од Струмица упати Велигденска честитка
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, традиционално Христовото воскресение го дочека во црквата „Свети Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица.„Воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта, ја дава силата за надежта за излез од сите тешки ситуации со коишто се соочуваме сите ние граѓаните. Верувам дека овој празник ќе ни донесе мир на сите, благосостојба на сите, меѓусебно почитување“, рече Заев упатувајќи честитки по повод Христовото воскресение до сите христијани.Објавата за Христовото воскреснување тој ја дочека заедно со сопругата Зорица, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, пратеници во Собранието, соработници и голем број граѓани.
Posted by Радио СтрумицаНет on Сабота, 27 април 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мицкоски на богослужба за Велигден во Св. Апостоли Петар и Павле
(Фото) Иванов за Велигден со семејството во Охрид
МИА/Фото/видео: strumicanet.com