еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Силјановска за прв пат во кампањата ги покажа сопругот и ќерката

Постирајќи фотографии од прославата на 1. мај, претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, за прв пат во кампањата за избор на претседател на државата, на Фејсбук, објави фотографии и од нејзиниот сопруг Благоја и ќерката Марија.

Едно од најчестите прашања кои ги добиваше и пред и во текот на изборната кампања беа поврзани токму со нејзиниот сопруг.

Имено во периодот од 1992 до 1994 година, Силјановска за прв пат влегува во политиката како министер без ресор во владата на Бранко Црвенковски, како преставник на Либерланата партија.

Токму од тој период потекнува и информацијата дека нејзниот сопруг добил лиценца за отварање на фришоп.

Силјановска негира дека нејзината тогашна функција помогнала да нејзиниот сопруг ја добие таа лиценца и постојано порачува дека тоа прашањето треба да го одговори тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчковски.

„Фришопот постоел, тоа не го негирам, но не сум учествувала во никакво доделување“, коментираше Силјановска.

Со Благоја е во брак триесетина години, а и тој како нејзе е правник, кој е во пензија.

Имаат две деца, ќерката Марија и синот Павле, кои се исто така правници.

Нејзиниот син Павле беше во фокусот на медиумите и на социјалните мрежи, откако се појавија фотографии како свири кавал во Градскиот парк во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Силјановска приватно: Има две деца, слуша рокенрол, практикува јога

Силјановска професионално: Ќе стане ли омилената професорка, првата жена претседател

Фото: Фејсбук/Силјановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

58 се реинфекции: 467 нови случаи на Ковид-19 од 2.533 тестови

Редакција

Мицкоски: Во Албанија има три пати повеќе бугарско население од тоа што го има во државата, дали и за нив ќе важи истиот услов да се дел од Преамбулата?

Редакција

Собранието го усвои Буџетот за 2021 година, на гласањето не присуствуваше опозицијата

Редакција