Денеска се одржува вториот круг од претседателските избори. Право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу двајцата кандидати Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски.
Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.
За претседател ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.
Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добие потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.
МИА/Фото: ДИК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Со колку гласови победија Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов?
Ден на избори: Ќе го изберат ли граѓаните петтиот претседател?