По свечената церемонија на примопредавање на функцијата Претседател од страна на Ѓорге Иванов на Стево Пендаровски, предвидени се билатерални средби на новиот претседател со неговите колеги од регионот кои ќе присуствуваат на инаугурацијата.
„Претседателот Стево Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.
Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Пендаровски испратен од колегите: Од кое работно место заминува за претседател
Иванов денеска ќе ја предаде функцијата на Пендаровски: Детали за церемонијата во „Вила Водно“
Фото: Пендаровски/Фејсбук