еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Макпетрол“ самоиницијативно ги намали цените на горивата

„Макпетрол“ АД Скопје ги информира своите потрошувачи и пошироката јавност дека, по настапувањето на периодот во кој „Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)“ не донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно досегашната

„Методологија, од причина што истата престана да важи, а имајќи предвид дека РКЕ јавно се произнесе дека нема да определува највисоки цени на нафтените деривати до носењето на нова методологија, „Макпетрол“ АД Скопје пристапи кон формирање на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати кои се достапни на бензинските станици на Компанијата.

Методологијата по која „Макпетрол“ АД Скопје ги формираше новите највисоки малопродажни цена на дериватите е светски призната методологија, која во себе ги вклучува сите давачки и сите реални трошоци на компаниите“, велат од компанијата.

Од таму додаваат дека како корпоративно општествено одговорна компанија, постојано работат на тоа потрошувачите навремено да бидат информирани за сите новости, како и да им овозможат најквалитетни горива по најприфатливи цени.

Па така, ќе важат следниве цени на нафтените деривати:

-Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 71,00 денари за литар;

-Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 73,00 денари за литар;

-Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена  од 64,00 денари за литар;

-Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 65,00 денари за литар;

-Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,00 денари за литар.

„Согласно нашите пресметки, кога цените на нафтените деривати би се определувале по старата методологија, истите би биле повисоки од горенаведените цени кои се определени согласно Методологијата применета од „Макпетрол“ АД Скопје.

Имајќи го предвид горенаведеното, неосновани се покажаа стравувањата на одредени институции и поединци дека либерализацијата на цените на пазарот на нафтени деривати би предизвикало ценовни шокови, односно нивно поскапување.

„Макпетрол“ АД Скопје ќе продолжи и во иднина да работи со желба да овозможи најдобар квалитет на нафтените деривати и услугите за сите наши потрошувачи по најповолни цени“, додаваат од „Макпетрол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трговците сами ќе ја одредуваат цената на нафтата: Ќе има ли ценовен шок?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Certiadria наше, а светско: Како се станува регионален центар за сертифицирани IT обуки

Редакција

Грејната сезона во Скопје започнува на 15. октомври

Редакција

71 пратеник ќе водат „ЗА“ кампања за референдумот за името, Антонио Милошоски за сега единствен што ќе води кампања за бојкот

Редакција