еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија: Петмина загинати во стравична сообраќајка на влезот на Драчево

Пет лица загинаа во сообраќајка што се случи ноќеска на влезот на скопската населба Драчево, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „рено 5“ удрил во камион за смет на „Комунална хигиена“ во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“ на улицата „Борис Трајковски“.

Како што наведоа од МВР на местото на несреќата загинале три лица, а две се пренесени во болница каде им подлегнале на повредите.

Увидот треше до раните утринските часови, а сообраќајот беше блокиран. Од МВР повеќе детали за сообраќајката најавија во текот на денов.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски и Филипче договориле формирање работни групи за спроведување реформи

Редакција

Лид комјуникејшнс продаде 7.006 акции на Жито Полог, ги купи ОК транспорт и шпедиција

Редакција

Намалена добивката на Македонската берза

Редакција