еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) „Бомба“ од Ибица ја “стресе“ австриската Влада, вицеканцеларот „фатен“ како бара мито

Австрискиот заменик-канцелар и лидер на Слободарската партија, Хајнс Штрахе, главен коалиционен партнер на владејачката партија на канцеларот, Себастијан Курц денеска си поднесе оставка и од владината и од партиската функција неколку часа по објавувањето на скандалозно видео во кое тој во пијана состојба и нуди владини тендери на наводна внука на руски олигарс, за да добие финансиска поддршка за неговата партија.

На снимките тој и неговиот соработник Јохан Гуденус, кој исто така си поднесе оставка, во јули 2017 година, два месеци пред парламентарните избори во Австрија, во вила на Ибица разговараат со жена која се претставува како внука на руски олигарх, кој сака да вложи 250 милиони евра во австриската економија.

Како што пренесуваат австриските и германските медиуми, иако жената во неколку наврати повторила дека станува збор за нелегални пари, Штрахе и Гуденус на наводната инвеститорка ѝ понудиле да го купи најтиражниот австриски дневник Кронен цајтунг.

„Ако три недели пред изборите го преземете Кронен цајтунг и нѐ поддржите да стигнеме до врвот, тогаш можеме да зборуваме за сѐ“, вели Штрахе во видеото.

Видеото го објавија германскиот магазин „Шпигл“ и дневниот весник „Зидојче цајтунг“.

Поради скандалот се „тресе“ и австриската Влада, а Виена граѓаните излегоа на протести, а опозицијата побара вонредни избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да донираме за деветгодишната Ана која се лекува во Турција

Редакција

Хелсиншки бара Обвинителство да реагира: Политичката криза предизвика омраза заснована на етничка и политичка припадност и тоа преку закани со војна, реваншизам, бесење, силување

Редакција

(Фото) Со елката во Скопје се потсмева и регионот

Редакција