еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Горан Трајковски

Горан Трајковски се повлече од директорската позиција во Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), поради лични причини, односно ново работно место во Еуростандард банка, каде е предложен за нов член на Управниот одбор (УО) по препорака на Надзорниот одбор на банката.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција кога во 2016 година станал директор на ДЗЛП.

Каков имот има?

Според неговиот анкетен лист на име на родителите пријавил куќа од наследство во Скопје, а на свое име куќа во Крушево, стекната со договор за купопродажба.

Како заеднички имот пријавил сеемен и личен накит, а на свое име пријавил уметнички слики.

Трајковски е љубител на мотори, па пријавил дека поседува Веспа и моторцикл БМВ.

Пријавил и неколку сметки во банка, на име на децата, на родителите и на свое име.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Горан Трајковски, кој од директорската позиција во ДЗЛП заминува во Еуростандард банка

Горан Трајковски предложен за нов член на УО на Еуростандард банка

Горан Трајковски си даде оставка од директорското место во ДЗЛП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Друштво на писатели на Македонија: Проблематизацијата на македонскиот јазик е антицивилизациски чин

Редакција

Излезност до 9 часот е 3,85%

Редакција

(Видео) Централ парк во Њујорк „станува“ болница за заразени од корона вирусот

Редакција