еМагазин
Бизнис

Просечната плата за еден месец се зголемила за 398 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2019, изнесува 24.590 денари, што е зголемување за 398 денари во однос на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2019 година која изнесувала 24.192 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2019 година, во однос на март 2018 година се зголемила за 3,8 отсто.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11.4 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (8.2 %) и Транспорт и складирање (7.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.5 %), Информации и комуникации (8.5 %) и Рударство и вадење на камен (6.0 %)“, соопшти ДЗС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ пет најплатени професии: Програмерите убедливо на врвот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се намали коефициентот за функционерските плати

Редакција

Клиниката „Жан Митрев“ потврди дека е во финални преговори за продажба на мнозинскиот удел на холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare

Редакција

„Сковин“ во загуба од 117 милиони денари

Редакција