еМагазин
Image default
Македонија

Во ДУИ вознемирени од назначувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање

На ДУИ не и се допаѓа одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање. Оттаму бараат претседателот да ја преиспита одлуката.

„Одлуката на претседателот Пендаровски за назначување на директорот на Агенцијата не вознемири сите и стави сенка на вчерашниот ден кога Собранието ја донесе реформата на безбедносните служби.

Нашите информации се дека одлуката се базира на недоволни информации и не е злонамерна.

Ставот на ДУИ е дека додека не се расветлат до крај Кумановските настани ниту еден човек кој бил дел од службите на Иванов не треба да биде на чело на такви сензитивни институции. Очекуваме дека претседателот ќе собере повеќе информации и ќе рефлектира по однос на неговата одлука“, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кабинет на Пендаровски: Муслиу е врвен професионалец, а неговото именување е позитивно оценето од партнерските служби

Новиот директор на Агенцијата за разузнавање, Муслиу: Назначен сум од Пендаровски зад кого застана и ДУИ

Кој е Еролд Муслиу – првиот разузнавач што не и по ќеф на ДУИ?

Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска во Собрание седница за разрешување министри од Алтернатива и СДСМ

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција

(ВИДЕО) Средба без Ковачки: Мицкоски се сретна со кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада

Редакција