еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Венко Глигоров сподели искуство од возењето по новиот автопат во Косово: „Честитки за нив, ние сме тешки бруки“

Бизнисменот Венко Глигоров на неговиот фејсбук-профил сподели искуство од возењето на новиот автопат од Приштина до македонската граница. Му честита на Косова за завршената работа, а воедно направи паралела и за инфрструктурата во Македонија.

„Го возев ново-отворениот автопат Приштина – граница со Македонија, автопат што нашите медиуми го ословија како автопат Приштина – Скопје!!!!??? Или никогаш не биле натаму или тоа го прават веројатно за да ги заштитат нашите власти од дополнителни бруки. Тешки бруки сме, значи.

Ме прашуваат за колку се вози? Им викам: на излез од Приштина го палам цигарчето (на сликата лево), лагано си пиуцкам еспресо, бленам напред како да се досадувам пред телевизор – и стигам граница.

До пред некоја година ова беше незамисливо – во Косово да се досадуваш додека возиш од граница до Приштина и обратно.

Потоа на двете страни од границата се проаѓа експрес брзо. Е тогаш „влегувам“ на патотот Граница МК – Скопје. Се осетив како на филм, оние партизанските од НОБ. Дупки, кривини, можеш да налеташ на секакви „заседи“ …

Згора на тоа, влезот во нашата индустриска зона Визбегово – во очајна состојба. Убави фирми и од едната и од другата страна – се гледа дека растат и се развиваат. А пат меѓу нив запуштен, со дупки и со два три семафори кои наместо да регулираат – дополнително создаваат гужви и нервози.

Рече некој не се искористувале средствата за капитални инвестиции. Па за ова треба да се користат, на што друго? Министерон зошто го плаќаме, за да кука како било во грујово време или да работи? Ем може пат да направи, ем провизија да поделат, ем ние задоволни. Ама треба да те бива …

Автопатот Скопје-Граница-Приштина е важен за сите нас. Ако ништо друго, како респект кон земјата-сосед со која имаме (се уште) одлична позитивна трговска соработка.

П.С. Државите околу нас се развиваат, градат инфраструктури, еве и Дојран доби концесија – а Македонија се уште нема ПејПал за трговци и професионалци за наплата од странство. Што да се каже повеќе?“, пишува Глигоров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово изгради модерен автопат до македонска граница, ние 13 километри до 2025

Фото: Фејсбук/Глигоров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Гостивар заради пандемијата со Ковид-19 влезе во долг од два милиони евра

Редакција

Стабилно и релативно топло време и во наредните денови

Редакција

Рама и Мета го поздравија „укинувањето на ветото“ од страна на бугарскиот парламент

Редакција