еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Ел Чека“ продолжува со „бомби“ на Фејсбук, а „Зоран Заев“ на You tube

„Ел Чека“ на Фејсбук продолжува со објавување на нови „бомби“ од Чикаго, САД, во кои наводно главни актери се поранешни државни и актуелни партиски функционери на ДУИ.

Неговиот профил функционира и покрај пријавата на македонските институции до централата на Фејсбук.

Истото лице има уште еден профил на Фејсбук, Cheka El Akech.

Интересно е дека истовремено нелегални прислушувани разговори се објавуваат и на You tube, а објавувачот го користи името на македонскиот премиер Зоран Заев, кој пред неколку години ги објави првите „бомби“.

И во овие „бомби“ наводно главни ликови се високите функционери на ДУИ, лидерот Али Ахмети и Муса Џафери.

Младиот кичевчанец, кој стои зад профилот на Ел Чека на Фејсбук, во објава директно му се обрати и на Заев:

„Поздрави до Вас премиере и на оние кои живеат таму и гласаа за тебе. Што се однесува до тужбите што се подигнаа против мене поради објавувањето на некои од прислушувањата на твоите колеги од Владата, јас сум подготвен да се вратам во државата што Вие ја крадевте од нас и да излезам пред правдата, но под еден услов: ако и двајцата седнеме пред судот, бидејќи и двајцата сме го сториле истото злосторство, пред неколку години Вие, а сега јас! Ако сакаш да си играме тогаш да почнеме да играме, бидејќи мојот тренер има тактика што не знае за загуба! Бог да ја благослови Америка”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бомбите“ на Ел Чека ќе ги слуша и ЦИА, а Заев ќе „падне“, ако не се уапсат криминалците во Владата

(ВИДЕО) Што ќе „ќари“ Кумановската група од „бомбите„ на Ел Чека?

Кој е Ел Чека: Објавува „бомби“ од Чикаго, а по потекло е од кичевско

Никола Тесла, Илија Громовник, Ел Чека: Кој е следниот што ќе објави нови „бомби„?

Фото: Фејсбук/Ел Чека

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералниот секретар, Гутереш по разговор со Путин: Шансите за мир во Украина – минимални

Редакција

Жител на Челопек уби двајца и повреди еден роднина

Редакција

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција