Шест години можеби звучи како краток временски интервал, но кога за само 72 месеци како новинари ќе сведочите на тектонски поместувања во татковината кои несомнено ќе останат забележани во историјата овој период добива на значење.
На шестиот роденден со гордост можеме да кажеме дека „еМагазин“ од основањето до денес значително придонесува кон презентирање на информации базирани на факти водејќи се од начелата за етичко и непристрасно информирање.
На тој начин успеавме нашето бебе да го израснеме до шестгодишно дете, при тоа минувајќи низ пекол и различни премрежија, но и многу убави моменти, како што е на пример чувството кога со корисна и правовремена информација му се помага на еден или на илјадници наши сограѓани.
Во иднина, „еМагазин“ има сериозни планови да се зближи со јавноста уште повеќе и да прерасне во медиум кој ќе ја освои довербата на граѓаните нудејќи вистинита и богата содржина.
Единствен начин за тоа е да ја продолжиме борбата против лажни вести и сензационално информирање, но и да се бориме меѓу секојдневните политички перверзии во медиумите на прво место да се вратат вистинските проблеми на граѓаните и на компаниите.