еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

(Фото) Се чувствува страв во воздухот од нова „корпа“ од ЕУ

Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, вицепремиерот Бујар Османи, поранешниот претседател Бранко Црвенковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски деновиве гласно од Скопје, Брисел и Берлин бараат да се прифати новата десетта по ред препорака од Европската комисија (ЕК) за почнување на преговорите за зачленување на Македонија во ЕУ.

Декларативна поддршка за почеток на преговорите деновиве изразија и  еврокомесарите Јоханес Хан и Федерика Могерини, како и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Сите македонски и европски политички функционери се согласни дека нашата земја си ја завршила работата и дека е сега ред на ЕУ да не покани во европското семејство.

Во ваквата кампања нема ништо лошо, туку напротив треба во континуитет да се спроведува се додека Македонија не го добие заслуженото место меѓу европските пријатели.

Но, веќе цела деценија земјава ја добива истата препорака од ЕК. Во овој период, европската администрација ги прикажуваше нерешениот спор за името и неисполнувањето на реформите како главни пречки кои се користеа како алиби за избегнување на почеток на преговорите.

Со верба дека е потребно отварање на европските порти за земјава, актуелната Влада спроведе уставни измени со кои името на државата беше сменето во Република Северна Македонија.

Сега, голем пораз за Владата, македонскиот народ, но и за Европа ќе биде доколку повторно се измисли некој нов услов за зачленување на нашата држава во ЕУ.

Останува фактот дека одредувањето датум за почетокот на преговорите меѓу Македонија и ЕУ нема врска со исполнување никакви административни и легислативни критериуми туку дека станува збор за политичка одлука на земјите членки, а пред се на Франција, Германија и останатите „побогати“ земји кои ги плаќаат сметките за одржување на Унијата.

При тоа, не треба да се заборави дека од година во година расте бројот на евроскептиците, десничарите и националистите кои полека, но сигурно ја придобиваат волјата на европските гласачи, што секако е лош сигнал за нас и за Европската Унија воопшто.

Ни преостанува само да се надеваме дека и годинава нема да доживееме фијаско кога станува збор за почеток на преговорите, на што веќе навикнавме во изминативе години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвенковски: Ако летово не добиеме датум за преговори, тоа ќе биде доказ за отсуство на лидерство и визија во ЕУ

Заев на дебатата „Две години Влада“: Граѓаните чекаат ЕУ да си ја исполни задачата

Могерини: Северна Македонија ја заврши работата и сега е ред на ЕУ

Фото:Фејсбук/Зоран Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Шекеринска на Парада на гордоста: „Секој е слободен да биде она што е“

Редакција

(Фото) Бегајќи со „бмв“ полно со 100 килограми марихуана удрил полициско возило

Редакција

Орка Холдинг сака да го преземе Жито Полог

Редакција