еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Атина и грчкиот Парламент во боите на виножитото: Елени Фуреира „главна“ на Парадата на гордоста

Под мотото „Улицата ја има нашата приказна“ по 15-ти пат, центарот на Атина беше обоен во боите на виножитото во рамките на традиционалната Парада на гордоста.

Грчката ЛГБТ заедница доби поддршка од Грците, од политичките партии и од грчката влада, а нивното знаме два и пол часа беше дел од објектот на грчкиот Парламент.


Учесниците во парадата, кои и оваа година ги преплавија во голем број централните улици на грчката престолнина, во разговор со дописничката на МИА од Атина велат дека се бореле и ќе продолжат да се борат за еднакви права, за правда, но и против дискриминација и против насилството во било кој облик.

Оваа година парадата е посветена на момче припадник на ЛГБТ заедницата кој беше убиен во Атина пред девет месеци.

-Ситуацијата во Грција е подобрена во споредба со тоа каква беше пред неколку години, но сепак не би можел да кажам дека постои целосна слобода и дека ние како припадници на ЛГБТ заедницата, имаме еднакви права и не сме жртви на насилство, бидејќи некои сметаат дека сме поразлични од нив, објаснува младиот Василис, кој веќе неколку години е активен учесник на Парадата на гордоста во Атина.

-Општеството во Грција толерира да си хомосексуалец, но тоа не значи и дека те прифаќа, потенцира Маркос и додава дека често бил мета на вербални напади.

Откако знамето на ЛГБТ заедницата беше развеано низ улиците во центарот на Атина, 15та Парада на гордоста заврши со концерт на плоштадот Синтагма.

Политичките партии ја поддржаа парадата

Грчкиот Парламент, ја продолжи традицијата започната лани, па доцна синоќа од 21 до 23.30 часот, дел од објектот беше осветлен со знамето на ЛГБТ заедницата.

На почетокот на прадата, во име на владата, присутните ги поздрави портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, кој рече дека од неколку стотини луѓе што учествуваа на првата Парада на гордоста пред 15 години, сега е стигнато до тоа да учествуваат „десетици илјади луѓе во последниве години, а парадата да се одржува гордо и шарено на плоштадот Синтагма“.

-И покрај големите битки што ги водевме заедно и ги добивме во изминатите четири години, како што е договорот за соживот, правно признавање на родовиот идентитет, но и можноста хомосексуални парови да чуваат деца, патот кон целосна еднаквост и слобода се уште е долг и сигурно не е лесен.

Рамноправна заштита и безбедноста, брак и посвојување, подобрување на законот за родов идентитет и за интерсексуалните лица, се работите што не чекаат, за овој пат, конечно да биде пат за сите, рече Ѕанакопулос.

Преку официјалните профили на социјалните мрежи, порака испрати и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

-Борба за еднаквост, гарантирање на индивидуалните слободи и општествената солидарност, напиша грчкиот премиер на фотографијата што ја објави на официјалните Твитер и Фејсбук профили, пропратена со пораката дека секој човек има право да се повика на сите права и сите слободи без никаква дискриминација, особено во однос на расата, бојата, полот, јазикот, религиските, политичките или други верувања.

-Ние, го избравме овој пат, додаде Ципрас.

Поддршка за Парадата на гордоста изразија и грчките опозициски партии Нова демократија и Движење на промена.

Во музичкиот дел настапи и позната грчка пејачка, Елени Фуреира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Евровизиската победничка Нета и бугарката Галена ја вжештија атмосферата на Парадата на гордоста во Софија

(ВИДЕО) Паника поради наводно пукање ја „растури“ Парадата на гордоста во Вашингтон

МИА/еМагазин/фото: newsit.gr/видео: Love Is Love/You tube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Солун не се одржа Стрејт парада, во организација на „Обединети Македонци“ од безбедносни причини

Редакција

(Видео) Во живо од „отварањето“ на плажите во Грција: Корона вирус, што беше тоа?

Редакција

Уште двајца министри поради Македонија го напуштаат кабинетот на Петков

Редакција