Сега веќе поранешниот пратеник, бившиот македонски премиер Никола Груевски, кој стана политички азилант во Унгарија, според Законот за пратеници има право да побара да остварува плата (или апанажа) и по престанувањето на мандатот за време до една година.
Од Собранието информираат дека Груевски до сега не поднел такво барање. Нема информација од Груевски дали тоа би го направил во иднина
Според Законот за пратеници, сумата што би ја добивал е 63.000 денари месечно, односно онолку колку што изнесуваше досега неговата плата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Ѓоко Камчев, кој седнува во пратеничката фотелја на Груевски
Собранието ја констатираше оставката: Груевски и официјално се збогува од пратеничката функција
(Фото) Груевски „тера“ бизнис на брод на Дунав
Кој е и колку е богат Виктор Орбан, пријателот на Груевски
Фото: Фејсбук/Груевски