еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Ќе трае 95. дена: Почнува летото

Денеска во 17 часот и 54 минути почнува летото на северната полутопка.

Во исто време за жителите на јужната хемисфера на Земјата ќе почне зимата.

Летото ќе трае 95 денови, а ќе заврши на 23 септември 2019 година, кога во 9.50 часот по средноевропско време ќе почне есента.

Денеска е 172-от ден од годината, а до крајот на годината остануваат уште 194 денови.

Времето во земјава на првиот летен ден ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Д-р Жан Митрев советува како против корона вирусот: „Маските на отворено не се никаква заштита“

Редакција

(Видео) По пандемијата со Ковид-19 срцевите удари зголемени за трипати, вели кардиологот Сашко Николов

Редакција

Весна Бејби за Тоше: Мислев едно време дека со годиниве ќе спласне тагата, исто е како оној вторник

Редакција