еМагазин
Image default
Бизнис

Убава вест за акционерите: „Витаминка“ од денес почнува со исплата на дивиденда

ПИ „Витаминка“ АД Прилеп преку Македонската берза ги известува сите акционери иматели на обични акции дека почнувајќи од 01.07.2019 година ќе врши исплата на дивиденда за 2018 година, согласно одлуката од 11.06.2019 година донесена на Годишно Собрание на акционери.

Право на исплата на дивиденда за 2018 година имаат сите акционери на ПИ „Витаминка“ АД Прилеп кои се евидентирани во акционерската книга со пресек на ден 25.06.2019 година.

„Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2018 год., кои немаат доставено податоци и трансакциски сметки да се јават во Друштвото и да ги достават своите лични податоци до Сектор финансии на Друштвото, на адреса: „Леце Котески“ бр.23 Прилеп или на e-mail: [email protected] или [email protected].“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Витаминка ги применува највисоките производни стандарди за безбедност на храна

Признание за „Витаминка“ за општествена одговорност и промоција на семејните вредности

„Витаминка“ со добивка од 28 милиони денари и 47 нови вработувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извозот за 4 месеци зголемен за 15.1, увозот за 27.3%, трговскиот дефицит 1,3 милијарди евара

Редакција

Каматните стапки зголемени за дополнителни 0,5%, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика

Редакција

(Фото) Викендов во хотелот Мериот се отвара казиното Фламинго

Редакција