еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По „местенката“ на Заев: Русите не се наивни, но одговорност мора да има

Не стивнуваат реакциите по „местенката“ што ја доживеа премиерот Зоран Заев од страна на руските комичари Владимир Кузнецов – Вован и Алексеј Столјаров – Лексус, кои претставувајќи се како екс претседателот на Украина Петро Порошенко и првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг во неколку наврати воделе „официјални“ разговори со македонскиот премиер.

Граѓаните со неверување прашуваат како е можно во една држава некој туку така да го добие премиерот на телефон, каква е функционалноста на владиниот протокол кога е во прашање обезбедување на веродостојни информации во однос на тоа кој е на другата страна од телефонската линија и дали овој настан може да има негативно влијание врз безбедноста на државата и угледот на нашата земја.

Иако премиерот Заев не е прва жртва на руските комичари, кои се чини дека воопшто не се наивни во однос на изборот на политичарите-кандидати за жртви на нивните „пренкови“ (Макрон, Ердоган, Столтенберг…), тоа не може да го избрише прашањето за одговорност кај Заев, а посебно кај неговите советници и владиниот протокол за овој огромен пропуст.

Нејасно е како владините службеници дозволиле ваквите повици да се повторат неколку пати при тоа без да проверат со кого си имаат работа. Дали тоа значи дека секој што ги има потребните телефонски броеви утре може да му се јави на премиерот Заев и да се претстави како Доналд Трамп или Владимир Путин?

Истовремено се отвараат прашањата дали некој го подучува премиерот Заев во однос на тоа како се водат службени државни разговори, што може, а што не може да открие пред соговорниците од други земји и кои се информациите кои се водат како строга државна тајна.

Тој вчера излезе пред македонската јавност со објаснување дека е жртва поради неговата отвореност и достапност за сите, но негираше дека ќе бара одговорност од протоколот и неговите соработници, иако тие би требало да го заштитат него и нашата држава од вакви меѓународни скандали.

Неибежен е впечатокот дека премиерот Заев треба добро да размисли во какво опкружување работи и додека се уште трае таканаречаната „метла“ во државната администрација да ги среди сопствените редови во кои наместо лаици ќе се најдат професионалци кои нема да дозволат ваков срам за земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ме измамија мангупи, а јас комуникативен“: Зоран Заев и руските комичари хит во регионалните медиуми

По „местенката“ на Заев: Руската амбасада не коментира шеги на комичари

Кои се руските „пранкери“ кои го измамија Заев: Комичари или службеници на Кремљ?  

Како руските комичари кои разговарале со Заев ги наоѓаат телефонските броеви на светските политичари

„Ова што ни се дешава у државава не е више ни смешно“: Твитер реакции за аудио снимката на Заев и руските комичари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети: Да се испочитува датумот за изборите и потоа да зборуваме за пописот

Редакција

Индустриското производство лани намалено за 0,3%

Редакција

„КА-ДИС“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на 7 амбулантни возила вреден 240.000 евра

Редакција