еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Од МНР велат дека досега нема информации за настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

До овој момент нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, потврдија за МИА од МНР.

Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

Во невремето што го погоди Халкидики, една од најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи, живото го загубија најмалку шест лица, меѓу кои и две деца. Едно лице се води како исчезнато, десетици се повредени, причинета е голема материјална штета и има прекин на снабдувањето со електрична енергија, јави дописничката на МИА од Атина.

Жртвите од невремето се туристи од Романија, Чешка и Русија кои биле во близина на првиот крак, додека, пак, од вчера попладне еден рибар се води како исчезнат.

Повредените се пренесени во неколку болници на Халкидики и во Солун, а една жена е хоспитализирана на интензивна нега. Неофицијално, меѓу повредените има и деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачки видеа од моментот на невремето на Халкидики

(Вознемирувачко видео) Невреме во северна Грција: Стравична молња „фатена“ со мобилен во Солун

(Видео+фото) Најмалку шест жртви, меѓу кои и две деца во невреме на Халкидики

МИА/Видео: Ruptly

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на нафтени деривати вреден 174.000 евра

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Здравствен дом на Скопје за набавка на масло за горење вреден 9,2 милиони денари

Редакција

(Фото) Пендаровски прими трета доза вакцина

Редакција