еМагазин
Image default
Македонија

Заев им се извинил на Вучиќ и Тачи за разговорот со лажниот Порошенко

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека разговарал со косовскиот претседател Хашим Тачи во врска со неговиот разговор со руските комичари, посочувајќи дека доколку со тоа ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа.

– Зборувавме со Тачи, бараше објаснување. Јас разменив и порака со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Сакам уште еднаш да ја исористам приликата ако со изјавата сум ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа. Ние сме исклучително пријателски земји. Јас се надевам, барем така чувствувам, дека сум пријател на граѓаните на Косово.

Никогаш не сме имале детали за преговарачкиот процес, како што и претходно изјавив. Сето тоа што е тема на разговори во кои било кулоари кога разговараме од она што е пристутно во јавноста и слично. Впрочем и претседателот Тачи и претседателот Вучиќ знаат дека ние и не знаеме, немаме споделено информации, изјави денеска Заев.

Нашиот став, како што потенцира Заев, е дека навистина посакуваме просперитет и решавање на проблемот со Косово, просперитет на Албанците, на Србите и на сите други заедници кои живеат на Косово, но и во целиот регион.

– После Преспанскиот договор се надеваме дека и други отворени прашања ќе се решаваат во регионот, затоа што наша цел, а верувам дека и на сите лидери во регионот, е регионалната соработка да расте, интеграциите во ЕУ како конечна цел, унапредување и трајно обезбедување на вечниот мир на целиот Балкански полуостров и секако унапредување на соработката помеѓу нашите две земји, истакна Заев одговарајќи на новинарско прашање.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев смета дека Русија нема никаква врска со местенката на комичарите

„Гордана Јанкулоска 2015: Шупрајш Зоран Заев 2019: Вери гут“: Твитер реакции за премиерот и руските комичари

Рускиот комичар Кузнецов за Алфа открива како дошле до телефонскиот број на Заев

И Заев им вртел на руските комичари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 928 казни за неносење маска во изминатото деноноќие

Редакција

МНР: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во хотел во близина на манастирот Бањска, во кој се напаѓачите на косовската полиција

Редакција

Емилија Рамбабова на местото на Јагода Шахпаска во Собрание

Редакција