еМагазин
Image default
Македонија

Лекарски преглед на Димитар Димовски го одлужи судењето за „Топлик“

Денешното рочиште за случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше одложено поради лекарски преглед на обвинетиот Димитар Димовски, кој заедно со првообвинетиот во случајот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески е во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Димовски утринава се пожалил на дијареа и побарал лекарски преглед во затворот, поради што двајцата задоцниле на закажаното рочиште.

Рочиштето е одложено за 6 септември.

Според обвинението на СЈО, Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Здравствената состојба на Јанакиески се влошува, тој се жали дека „ова не е живот“

Миле Јанакиески заврши во болница со болки во бубрезите, па повторно вратен во затворот во Шуто Оризари

„Март: Пошто го губиме статусот на УНЕСКО, притвор за Миле Јанакиески„: Твитер реакции

Фото: Фејсбук/Јанакиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седиштето на бугарскиот клуб во Охрид веднаш до куќата каде Колишевски е осуден на смрт

Редакција

Мицкоски: Уште трае анализата за собирање потписи, во следниот период ќе се консултирам со експерти од оваа област

Редакција

Поднесени 7 амандмани на уставните измени – од независната пратеничка група, Алијансата на Албанците, Беса и Мухамед Зекири

Редакција