„Чест и задоволство ми е што сум покровител на годинешната Галичка свадба, не само како претседател, туку што и самиот сум галичанец по потекло.
Галичката свадба ја слави љубовта и традицијата во нашето мултикулурно општество. Кога се радуваме со свадбарите, истовремено се потсетуваме за богатството на нашето културно наследство преку автентичните обичаи, разнобојните носии и мијачкиот фолклор.
Нека им е со среќа на младите!“, напиша на својот Фејсбук претседателот Стево Пендаровски, кој заедно со сопругата Елизабета беше дел од оваа манифестација.
Друштво му правеа министерката за социјална и труд, Мила Царовска, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Галичка свадба: Марина Петровска и Огнен Караѓозоски ја крунисаа својата љубов
(Галерија) На Галичник спиев во кола и ја сонував Галичка свадба
Фото: Пендаровски/Фејсбук