еМагазин
Image default
Техно

Стартап Македонија ја лансираше првата дигитална платформа на која сите стартапи ќе се видливи

App.startupmacedonia.mk e првата дигитална стартап платформата во нашата земја, на која стартап заедницата ќе ги има сите правилни информации за екосистемот.

Стартап Македонија ги повикува сите стартап компании да се регистрираат и да се вклучат активно на платформата.

„Со регистрирање на вашиот стартап, истиот ќе го направите видлив за постојните инвеститори, акцелератори, организации, односно за растечкиот еко систем за поддршка на иновативни идеи во земјава. Примарните цели ни се, да се зачленат стартапите, да ги поврземе меѓу себе, како и да остварат комуникација со организациите, за директна соработка со клучни поддржувачи и инвеститори. Со ова ние ќе бидеме дел од останатите земји кои имаат европска стартап сцена и служат како клучен извор на информации за овој сегмент од економијата,” вели Марија Димовска од Стартап Македонија.

Постапката за членување за компаниите е едноставна, се внесува е-поштата, на регистрационата страна се пополнуваат основни податоци за стартап компанијата и со тоа влегуваат во единствениот регистар на стартап компании во земјава. Комплетната верзија на платформата ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината.

Освен што ќе ја има мапата на сите учесници во стартап екосистемот, платформата ќе има цел и да воспостави претставување на македонските стартап компании според стандардите воспоставени од организацијата Startup Commons.

Оваа организација ги сатандардизира фазите на развој кои се важни за инвеститорите кои се во потрага на стартап  компании во кои би инвестирале.

Истражувањето на Стартап Македонија од 2018 покажа дека на македонскиот пазар недостига соодветно поклопување помеѓу услугите кои се нудат како поддршка, наспроти услугите кои што навистина им се потребни на стартап компаниите.

„Свесни сме за моќното влијание кое стартапите го имаат врз општеството во нашата земја, како и за нивното уникатно влијание врз економијата. Со нивниот иновативен капацитет тие може да бидат силен двигател на економскиот развој во склоп на  сите индустриски гранки. Но за да можат стартапите да делуваат во општеството, ние, како екосистем треба да им помогнеме да се вмрежат, да се зајакнат и да бидат видливи и препознатливи’’, додава Игор Маџов од Стартап Македонија.

Платформата ќе го вклучува и Стартап Digest календарот кој е првиот календар за локални и регионални стартап настани, поддржувачите организации може сами да доставуваат настани кои ги организираат на самиот календар.

Стартап Македонија ја гради стартап платформата во соработка со Проектот на USAID за развој на деловниот екосистем, Swiss EP и Adeva, и воедно е подржана од речиси сите организации поддржувачи на стартапи, инвестициски центри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Македонија со најдобрата A1 Combo понуда: 50% попуст на месечна претплата за интернет и ТВ во првите 12 месеци

Редакција

(Видео) К-Поп сензацијата Blackpink го „освои“ TikTok

Редакција

Новото лице на иднината: Изрази ја својата уникатност со Galaxy Z Flip

Редакција