Министерот за надворешни работи Никола Димитров се пошегува дека кога ќе остаре сака да личи на познатиот актер Џорџ Клуни.
„И јас си направив слика како ќе изгледам за 20 години. П.С. Човек треба да сонува де“, напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил.
Инаку периодов е популарна апликацијата на Фејсбук, која покажува како ќе изгледате кога ќе остарете.
Според „Форбс“, оваа апликација до сега ја користеле 150 милиони луѓе од целиот свет.
Притоа се поставува прашањето за зачувување на приватноста, бидејќи дозволувате пристап до сите ваши фотографии, така што, наместо вие нејзе, апликацијата ве користи вас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.