И покрај големиот интерес на јавноста и граѓаните се уште нема никакви информации од Јавното обвинителство, што открило вештачењето на првиот мобилен телефон на спецјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева кој и беше одземен на 15. јули, кога и дознавме детали за случајот „Рекет“, а и беа уапсени двајцата осомничени, Бојан Јовановски (Боки13) и Зоран Милевски.
Она што официјално е познато е дека вештачењето е завршено, а за вториот мобилен за кој што прво се тврдеше дека е изгубен, па потоа беше најден на 23. јули, истото е во тек.
Во меѓувреме, не престануваат шпекулациите за евентуалната инволвираност на Јанева во случајот „Рекет“, а и таа самата призна дека нејзиното име и презиме биле злоупотребени од Боки13, но и од други лица.
Јанева, која самата поднесе оставка, за многумина веќе е завршена приказна, без разлика на епилогот за нејзината евентуална подлабока инволвираност во „Рекет“.
Но зошто со слабиот протек на официјални информации се дозволува уште повеќе да се „удри„ на имиџот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), институција која уживаше најголем углед меѓу граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од што боледува Катица Јанева и дали е способна да ја врши својата работа?
Не бил изгубен: Обвинителство го обезбеди и вториот мобилен телефон на Катица Јанева