И покрај големиот интерес на граѓаните и на јавноста и бројните шпекулации, од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) до сега не излегоа со образложение од што боледува специјалната обвинителка Катица Јанева, во оставка.
Јанева боледувањето го отворила ден откако поднесе оставка.
По неколку дена се врати на работа и сама одржа прес-конференција (што никогаш не случило), на која рече дека е невина за случајот на Јавното обвинителство, „Рекет“ и дека еден од осомничените во случајот, Бојан Јовановски, го злоупотребил нејзиното име и презиме, но и други лица.
Интересот на јавноста од што тоа боледува Јанева е разбирлив, пред се поради прашањето дали таа е способна да ја извршува својата работа.
Како што најави во соопштението во кое ја објави оставката, таа ќе остане на функцијата додека не се избере нејзин наследник.
Имајќи го во предвид фактот дека Предлог-законот за Јавно обвинителство, со кој се одредува иднината и на СЈО, ќе се најде пред пратениците дури на 27. август, таа може да остане на позицијата до 15. септември, кога и истекува мандатот.
Додека чекаме официјални информации од СЈО, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил тврди боледувањето и е дадено врз основа на констатирана анксиозност растројство. Тој објави и факсимили од истото.
„Бидејќи СЈО и Владата кријат и не ги известуваат граѓаните за прашања од јавен интерес, дозволете да им помогнеме:
– Катица Јанева од нејзин познат лекар добила боледување за периодот од 16.јули до 15.август 2019 година.
– Боледувањето е дадено врз основа на констатирана анксиозност растројство (F40-48), но засега не се знае дали е полесен случај или состојба која може да влијае на степенот на работната способност. Инаку овие дијагнози се најтешки за контрола и вештачење!
– Таинственоста создава сомнеж дека боледувањето може да биде подготовка на околности за неопределување на мерка притвор или за градење на историјат на болеста на подолг рок, при евентуални подолги судски процеси“, пишува Милошоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што открија одземените мобилни телефони на Катица Јанева
Ќе се сведе ли судбината на „Рекет“ на зборот на Катица Јанева против зборот на Боки 13?