Бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, рече дека до октомври мора да се реши прашањето за Гоце Делчев. Не кажа дали доколку не се најде решение за оваа прашање, Бугарија ќе ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.
„Комисиите треба да седнат и да разберат дека имаат историска задача и да останат во историјата и до октомври да ги завршат тие теми. Инаку верувајте ми би било навредливо кон народот кој загинал по тие земји, затоа што историски така се менувале границите што зависи од кога и како ги гледаш.
Тие можат да станат препрека за новата историја. Јас се однесувам како што ќе ми кажат историчарите, инаку ќе бидам обвинет дека продавам или дека сум ја предал историјата на Бугарија.
Јас исто така имам граница која можам да си ја дозволам. И цело време знам дека по секоја цена комисиите треба да најдат прифатливо решение, зашто тоа ќе биде исклучително добро за иднината, за младите и за перспективите. Темата не треба да се остави за после октомври, комисиите треба да работат секојдневно, треба да постигнат компромис“, рече Борисов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев верува дека со Бугарија ќе се договориме и за Гоце Делчев
(Фото) Заев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев
Борисов се извини за „северномакедонци“: Граѓани на Република Северна Македонија, простете
Бугарија нема да ја блокирала Македонија за членство во ЕУ, вели Борисов
Фото: Влада