еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Мечкин Камен исчистен од ѓубрето по прославата на Илинден

Јавното комунално претпријатие „Комуна“ го чистеше целиот простор на Мечкин Камен во Крушево откако заврши централната прослава за одбележување на празникот Илинден.

Општина Крушево објави дека на работниците им се приклучи и градоначалникот Томе Христоски, порачувајќи дека хигиената е еден од приоритетите за локалната самоуправа.

– Денес поминавме еден убав ден. Го одбележавме празникот Илинден на достоинствен и мирен начин, со многу посетители од цела држава. По завршувањето веднаш пристапивме кон чистење на просторот за од утре тој да може да се користи за пикник и прошетки на крушевчани и сите туристи во Крушево, изјави градоначалникот Христоски.

МИА/Фото: Баки Шакироски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Граѓаните во ѓубре го оставија споменикот Мечкин Камен

(Галерија) Кој дојде на прославата на Илинден во Крушево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еко-свест: Скопје не е загаден само во зима, туку и во лето, а секој има право на чист воздух

Редакција

(Видео) „Скопје мора да дише“: Еве уште еден „исправен” автобус што поминал регистрација и земал лиценца

Редакција

Над 60 истакнати граѓани со иницијатива за градски парк во Тетово

Редакција