еМагазин
Image default
Бизнис

Наши најголеми трговски партнери се Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 3,1 милијарди евра и бележи пораст од 14.1 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 милијарди евра, што е за 11.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 926.731.000 евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои компании кои котираат на Македонската берза во првите три месеци оствариле добивка, а кои загуба

Редакција

Осигурителниот пазар „цвета“: 2018 најуспешена во последните 10 години

Редакција

За половина година 101 компанија од Македонската берза со вкупна добивка од 141 милиони евра

Редакција