Владата на една од последните седници ја разгледала информацијата од претседавачот на Координативното тело во врска со ангажирање на правни застапници на Република Северна Македонија по повод поведена арбитражна постапка од страна на „Ел.Пет. Балканики“ како тужител против Република Северна Македонија како тужена и заведен кај Меѓународниот арбитражен суд при Меѓународната трговска комора во Париз.
При тоа Владата го прифатила предлогот како правен застапник да се ангажира „Dechert“ LLP, реномирана адвокатска фирма, со седиште во Париз, Франција.
Владата го овластила заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори во рок од три дена да ја информира адвокатската куќа дека е избрана за правен застапник во арбитражната постапка поведена од страна на „Ел.Пет. Балканики“.
Имени, грчката компанија се јавува како тужител против Република Северна Македонија како тужена во посапка поведена пред Меѓународниот арбитражен суд при Меѓународната трговска комора во Париз врз основа на Договор за купопродажба на акции и концесија за рафинеријата Окта, склучен на 8.5.1999 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе одговара ли некој за штетниот договор со Хеленик Петролеум за рафинеријата Окта?