еМагазин
Image default
Бизнис

Преполовена добивката на „Прилепска пиварница“: Одливот на население една од главните причини

„Прилепска пиварница“ во првото полугодие од 2019 година оствари добивка од 31 милиони денари, што е намалување во однос на истиот период минатата година кога добивката на компанијата изнесувала 67 милиони денари, покажува билансот на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.

„Во период 01.01. до 30.06.2019 година остварен е вкупен приход во износ од 873.084.599 денари кој во споредба со остварениот вкупен приход во истиот период од 2018 година покажува остварување од 98,83%. Во структурата на приходите најголемо учество има приходот од продажба на производи и услуги на домашен пазар каде остварувањето изнесува 95,00% и приходите од продажба на трговски стоки на домашен пазар каде остварувањето изнесува 123,01%.

Неисполнувањето на вкупниот приход во наведениот период од 2019 година во споредба со 2018 година во најголем дел се должи на неповолните временски услови пред се во јуни месец, кој е сезонски и еден од ударните месеци во периодот, на не баш најповолните политички и економски состојби во земјата како и на видливиот одлив на дел од населението од земјата што доведува до опаѓање на прометот по стопанските субјекти (трговски и угостителски) и нивно затворање“, соопшти компанијата.

Фото: Прилепска пиварница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот БДП во првиот квартал пораснал за 2,4%

Редакција

Пад од 15% на договорената работа на домашната градежна оператива во странство во првиот квартал

Редакција

Зголемен прометот во индустријата во првите четири месеци од годинава

Редакција