еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Во земјата која Биг Мајк ќе ја прави канабис суперсила во Европа, крвично дело е поседување и на еден џоинт

Американскиот претприемач Мајкл Штрауметис или Биг Мајк, кој пак самиот се нарекува „Марихуана Дон“, по тајната средба со премиерот Зоран Заев, за која јавноста дозна од неговиот Инстаграм профил, најави дека е возбуден дека ќе биде дел од претворањето на Македонија во една од првите канабис суперсили во Европа.

Останува мистерија во каква посета бил Биг Мајк, но и дали Заев и министрите со кои се сретна му објасниле дека и поседувањето на еден џоинт во Македонија е кривично дело.

Не за друго, Биг Мајк преку неговата компанија „Advanced Nutrients“, прави милони долари профит продавајќи марихуана за медицински, но и за рекреативни цели, каде и лежат парите.

Во Македонија од пред неколку години канабисот е легализиран за медицинска употреба, што е тренд последните години во многу земји низ светот.

Но за разлика од тие земји, во Македонија употребата на канабисот за лична, рекретативна употреба не е ниту декриминализирана, а уште подалеку е од негова легализација за таа цел.

Од Владата пред неколку месеци посочија дека се отворени за дебата за декриминализација, но за сега нема абер за тоа.

Но затоа пак турбо се работи на разработување на бизнисот со канабис за медицинска употреба, кој со последните законски измени, ќе стане привилегија само на „големи“ играчи, не и за претприемачи, мали или средни фирми, поради високата банкарска гаранција од 1 милион евра, потребна за влез во овој профитабилен бизнис, за кој во Македонија има идеални услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Биг Мајк по средбата со Заев и посетата на Македонија најавува дека за 2-3 години ќе станеме суперсила во бизисот со канабис

(Фото) Инстаграм кралот на марихуаната Биг Мајк се сретна со Заев, Филипче и Богдановиќ

За да влезете во бизнисот со медицински канабис Ви треба банкарска гаранција од 1 милион евра!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Скопје, Кавадарци и Штип со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Прв возрасен пациент примен во детската болница Козле

Редакција

Управниот одбор на М-НАВ се предомисли, избраните контролори на летање ќе бидат вработени и пратени на обука

Редакција