Собранието денеска со 61 гласа „за“ и 21 против го избра Хисен Џемаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.
Тој доаѓа на местото на Зоран Шапуриќ, кој беше сменет.
Џемаили е асистент – професор по географија на Тетовскиот универзитет.
Претходно бил советник во Општина Тетово, а во мандатот од 2008 до 2011 и пратеник.
Џемаили кој во конфликтот во 2001 година беше во редовите на ОНА, ќе остане запаметен и како обвинет во еден од четирите Хашки предмети и како еден од пратениците на кој му беше одземен имунитетот.
Тој беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нина Ангеловска стана првата жена министер за финансии
За новиот министер Хисен Џемаили интернетот е компјутерска вештина
Фото: Радио Слободна Европа