еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) За прв пат во чест на Македонија, разгорен вечниот оган во Париз

Вчера во Париз, Франција, во чест на Денот на независноста на Република Северна Македонија „8 Септември“, беше организирана традиционалната церемонија на „Разгорување на вечниот оган“ на споменикот на непознатиот војник – под Триумфалната капија, информираат од Министерството за надворешни работи.

„По завршувањето на традиционалната свечена поворка, составена од наши иселеници и француски пријатели, Амбасадорката Јадранка Чаушевска Димов со симболичен гест го разгори вечниот оган пред Споменикот на непознатиот војник во подножјето на Триумфалната капија.

Со овој чин на оддавање почит пред амблематичниот споменик на Франција, Амбасадата на Република Северна Македонија го одбележа Денот на независноста во духот на пријателските односи меѓу двете земји“, велат од МНР.

Вечниот оган за прв пат е запален на 11 ноември 1923 година, а церемонијата на неговото разгорување се врши секој ден точно во 18:30 часот.

Настанот беше овозможен од страна на Унијата на асоцијациите „Огнот под Триумфалната капија – Оган на нацијата” и се организира за прв пат од осамостојувањето на нашата држава, велат од МНР.

Фото/видео: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Шпански скали” продолжи со изведување докази од Обвинителството

Редакција

Маглата го отежнува патниот сообраќај во Скопје, Демир Капија, Куманово, нормализиран авиосообраќајот

Редакција

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, за кој Обвинителството поднесе обвинение за набавката на луксузното „ауди“

Редакција