Од хируршкото одделение при Клиничка болница Тетово демантираат дека се случил напад од страна на лекар врз пациент. Според нивните тврдења немало физички напад.
-Дежруната екипа која била на работа критичниот ден го демантира случајот. Истите биле вербално нападнати од пациентот и истото е пријавено во МВР. Дежурните лекари Ф.С и Ш.Ф истовремено бараат јавно извинување од пријавителот поради нарушување на угледот, стои во демантот до новинарите испратен по телефонска порака.
Тетовската полиција денес ја објави информацијата дека на 08.09.2019 во 18:00 часот во СВР Тетово, В.С.(67) од с.Брвеница пријавил дека истиот ден околу 17:30 часот додека бил на преглед во Клиничката болница во Тетово бил физички нападнат од Ш.Ф, лекар во болницата.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Втор инцидент во Tетовската клиничка болница: Лекар нападнал пациент