еМагазин
Image default
Локално

По големиот пожар, нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Росоман

Од 23 часот синоќа е нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на патниот правец беше во прекин поради голем шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, во атарот на селото Тројаци кон селото Топлица. Поради густиот чад и намалената видливост, не се возеше во двата правца, а се создаде долга колона возила.

Гореше нискостеблеста пума и трева. Во гасењето, на пожарникарите им стигна помош и од Кавадарци и од Крушево. На терен беа и екипи од прилепските јавни комунални претпријатија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени двајца угостители во Гостивар кои што работеле по 18 часот

Редакција

Кривична пријава против трујачите на кучиња во Пехчево

Редакција

Скопјанец ја претепал бремената сопруга, бебето починало

Редакција