еМагазин
Image default
Македонија

Заев со сопругата ќе оди на прием кај Трамп, ќе има ли и прва средба со Мицотакис во Њујорк?

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација која од понеделник до сабота ќе престојува во Њујорк каде ќе учествува на 74. Генерално собрание на Обединетите нации.

Во состав на владината делегација, како што соопшти владината прес- служба, ќе бидат вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за здравство, Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Официјалното обраќање на Заев на Генералното Собрание на ОН е предвидено за сабота во претпладневната сесија.

Во агендата на Заев е предвидена и официјална средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од претседателот на САД, Доналд Трамп и сопругата Меланија по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.

Во исто време во Њујорк ќе биде и новиот премиер на Грција, Киријакос Мицотакис, а грчките медиуми извесно време шпекулираат дека таму може да „падне“ и првата средба на двајцата премиери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Мицотакис за првпат ќе се сретнат во Њујорк

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот ја затвори Општина Радовиш

Редакција

На судењето за „организаторите на 27 април“ сведочеше поранешниот градоначалник на Бутел, Петре Латиновски

Редакција

Почина деветмесечно бебе во болницата во Струмица, полицијата спречи инцидент од роднините

Редакција