еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Една година од референдумот за промена на името: Еден куп афери, а државата се уште на крстопат

Измина една година откако на 30 септември, 2018 година се одржа референдум на државно ниво за прифаќање на Преспанскиот договор со Грција односно промена на името на државата од Македонија во Северна Македонија.

На референдумот од 1.806.336 граѓани запишани во Избирачкиот список, гласаа 666.743 граѓани или 36,91 проценти од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласаa 91,46 проценти или 609.813 граѓани, а „против“ се изјаснија 5,65 проценти или 37.700 граѓани. Неважечки беа 19.221 гласачки ливчиња или 2,89 проценти.

Тогаш, Државната изборна комисија го прогласи референдумот за неуспешен бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

Сепак, референдумот имаше консултативен карактер и Владата предводена од премиерот Зоран Заев го спроведе потпишувањето на Преспанскиот договор, кој од наша страна го потпиша министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Оттогаш, еден куп афери и коруптивни случаи ја потресоа државата какви што беа „Рекет“ и укинувањето на Специјалното јавно обвинителство задолжено да ги гони индициите за криминал кои произлегоа од таканаречените „бомби“ што ги објави СДСМ во јавноста.

Денес, по сведочењето на разузнавачот Зоран Верушевски дека „бомбите“ биле монтирани се доведува во прашање и легитимитетот на формирањето на СЈО.

На меѓународен план, нашата држава се уште чека да се верификува членството во НАТО и да и се додели датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

На регионален план повторно се проблематизираат односите со Бугарија околу „чистењето“ на историјата за што денес ќе се одржи средба на тамошниот државен врв на која ќе се разгледуваат билатералните односи меѓу двете земји.

По промената на власта во Грција, барем засега нема некаков конкретен напредок во односите освен што прв пат беше поставен грчки амбасадор во земјава.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ги донесе законите за данокот на солидарност, за додадена вредност и за данок на добивка

Редакција

Граѓаните до АЕК најчесто се жалат на високи сметки и квалтиетот на услугите на мобилните оператори

Редакција

Тешка дебата во ЕУ: Утре ќе се знае дали Грција ќе дозволи влез за македонски граѓани

Редакција