еМагазин
Image default
Македонија

Предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020, вели Заев

Предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020 година, односно 45 дена пред редовните, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета на фабриката „Маркарт“ во Велес, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има предвремени избори и дали веќе е отпочната изборната кампања.

Тој појасни дека оваа кампања која моментално ја водат е за да се финализираат двегодишните активности на Владата, нејзините сериозни успеси да им ги доближат граѓаните и да отворат дебата.

– Озарени во периодот којшто доаѓа пред нас, сакаме да научиме нешто од граѓаните и да ги увидиме слабостите и предностите, задоволството и незадоволство и да можеме да разговараме и дефинитивно да потврдиме дека навистина тоа е вистинскиот пат по којшто треба да се движиме. Верувам дека ваквите кампањи ќе го конформираат мислењето коешто ние го имаме од граѓаните за идните поддршки кои треба да ги даваме. Кампањата има временски лимит токму оваа есен и верувам дека ќе ја завршиме пред новогодишните празници, информира Заев.

Тој нагласи дека се прави ребрендирање на СДСМ, со цел партијата дефинитивно да се промени, да се модернизира и биде од помош на државата и граѓаните.

На новинарско прашање за преземањето на црвената боја од страна на СДСМ во кампањата, премиерот е дециден дека „црвената е наша македонска боја“.

– Тоа е нашето знаме. Црвената боја во секакви нијанси. Тоа е бојата на социјалдемократските партии пред се во Европската Унија и на социјалдемократските партии ширум Европа, појасни Заев.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трибина „На прав пат“ и изборна кампања, пронајди ги разликите

Мириса на предвремени избори: СДСМ ќе не носи „на прав пат“, ВМРО-ДПМНЕ за „обнова на Македонија„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев ќе си ги бара 1,5 милиони евра што ги платил за да не го гони СЈО

Редакција

Да се укинат привилегиите на поранешните претседатели, бараат од Демократски сојуз

Редакција

Нови 1.254 случаи на Ковид-19 од 5.082 тестирања, 169 се реинфекции

Редакција